Грција би можела да има повеќе од 600 милијарди кубни метри резерви на природен гас до 2023 година.

Аристофан Стефатос, извршен директор на грчката Комисија за јаглеводороди, рече дека Грција го забрзува истражувањето на гас за да ја намали зависноста од руската енергија.

„Во однос на количината, сегашните проценки се дека 85% од вкупните резерви за тестирање се всушност природен гас. Прелиминарните проценки на целите сугерираат повеќе од 600 милијарди кубни метри. Приоритет е потрагата по гас, а не нафта, притоа минимизирајќи ги ризиците за животната средина. “, рече Стефатос, за грчките медиуми.

До крајот на следната година ќе се знае дали Грција има економски исплатливи резерви на природен гас.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека „забрзувањето на експлоатацијата на националните енергетски ресурси, ако имаме среќа и ако имаме полиња за експлоатација на природен гас, ќе ни овозможи да ја зголемиме нашата енергетска безбедност и независност“