После 1ви јануари 2025 година, системите за греење во Германија веќе нема да бидат исти. Имено, од тој датум, сите нови системи за греење ќе мора да бидат така изведени, да 65% од примарната енергија потекнува од обновливи извори. Во оваа енергетска транзиција на греењето, голема улога ќе имаат топлинските пумпи.

renewables2

Таква одлука донело Сојузното здружение за топлински пумпи (BWP), чиј челник нагласил дека струката е подготвена и сега треба да се подготват подлоги за проектирање и изведба. Покрај тоа, ќе бидат потребни и одредени промени во даночниот систем, односно намалување на даночните и други давачки за електричната енергија која ќе се користи за погон на топлинските пумпи. Исто така, ќе треба да се прилагодат и досегашните шеми на субвенции за примена на енергетски ефикасни решенија во зградите. Конечно, ќе треба и точно да се определи што се вбројува во тие 65% примарна енергија, за веднаш да се знае кои решенија се соодветни а кои не.

renewables3