grejs periodСигурно имате слушнато досега дека одредени кредитни линии содржат во себе и една посебна компонента – Грејс период.

Овој термин генерално се користи кај долгорочни кредити за претпријатија и претприемачи за финансирање на инвестициите. Сепак, се повеќе се користи и кај кредитните линии за население. Можноста за користење на грејс период кај некои банки како опција е овозможен кај станбените но и кај кеш кредитите.

Грејс период во основа е временско одлагање на извршувањето на финансиските обврски. Односно времето што поминува од моментот на исплата на кредитот до уплатата на првата рата од кредитот од страна на корисникот.

За време на грејс период, должникот не е потребно да ја отплатува главнината на долгот, туку само камата на месечна основа,  која се нарекува интеркаларна камата (освен ако не се работи за безкаматен грејс период).

Грејс периодот се одобрува во согласност со логиката на тоа дека во моментот кога клиентот го зема кредитот му е потребна “силна финансиска инјекција” и дека тој не би бил способен во наредните месеци да ги извршува своите обврски, без оглед на неговиот животен стандард. Затоа му се одобрува краток период во кој ќе биде ослободен од плаќање на ратите од кредитот. Кај станбените кредити на банките кои нудат грејс период неговата должина изнесува до 12 месеци.

Користењето грејс период кај станбените кредити има оправдување со самиот факт дека со изградбата или купувањето на станбениот објект не е завршено се што е потребно за да се вселите, како на пример селењето, опремувањето на станот, итн. Поради овие причини постои оправдување за употреба на грејс период, бидејќи на тој начин ќе можете полесно да ги завршите сите останати работи кои ви се потребни за да се вселите во вашиот нов животен простор.