„Секогаш мора да се реагира на слабостите во системот, а политичарите и директорите на јавните претпријатија треба да даваат пример за интегритет и за одговорност кога има недоследности во однесувањето и постапувањето“, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното интервју на ТВ 21 и додаде дека основата на едно демократско општество се принципите на владеење на правото, како и принципите на добро владеење.