grčka-bankrotГрција е на крстопат и мора да одлучи дали да остане членка на еврозоната или ќе ја напушти, аналитичарите на Wall Street Journal изнесоа пет можни сценарија.

 1. Грција останува во еврозоната

Ако Грција остане во еврозоната, треба да дојде до минимален застој во економијата. Останувањето во еврозоната на грчката централната банка ќе и овозможи пристап до фондовите на Европската централна банка за одржување на ликвидноста, а со тоа грчките банки со вештачко одржување во живот ќе опстанат. Ова сценарио вклучува договор за намалување на долгот, но за да се постигне тоа, Грција најверојатно ќе мора да се согласи на дополнителни услови од оние што претходно ги сметаа за неприфатливи.

2. Излегување од еврозоната, но да го задржи еврото

Аналитичарот Jacob Funk Kierkegaard од Економскиот институт Peterson во Вашингтон, ова предвидување го нарекува “црногорска опција” и верува дека ова е најверојатниот исход доколку Грција ја напушти еврозоната. “Грција ќе стане само уште една релативно сиромашна балканска економија со еднострано воведено евро но надвор од унијата”, изјави Kierkegaard. Ова, најверојатно, ќе биде најлошата варијанта, бидејќи на тој начин Грција ќе го изгуби пристапот до фондовите на Европската централна банка. Земјите кои користат странска валута како официјално средство за плаќање во својата земја и немаат пристап до кредиторите како што се ММФ и Европската централна банка, се соочуваат со тоа да секоја криза во ликвидноста на банките да автоматски станува криза на солвентноста. Ваквите модели обично го попречуваат домашниот финансиски сектор, што покажува речиси секоја академска студија  и го забавува економскиот раст. Од друга страна, може да има банкарскиот систем, кој е целосно во сопственост на странски капитал и може да земаат заеми од централните банки на нивните земји. (Мексико не го усвои доларот по финансиската криза од 1994-1995, но за да се избегне прекумерната загуба во банкарскиот сектор дозволи повеќето банки да ги купат странци)

3. Систем на девизни курсеви

Грција да воведе нова валута која е врзана со курсот на еврото. Износот на новите драхми ставени во промет да се совпаѓа со грчките интернационални девизни резерви отприлика 5,8 милијарди долари. Застапниците на овој пристап тврдат дека овој модел ќе доведе до дисциплинирање на Грција. Лошата економска политика води до исцрпување на резервите и домашната монетарна база, која ги зголемува каматните стапки на драхмата, додека добрата монетарна политика има спротивен ефект. Маната на овој модел е тоа што централната банка е ограничена во однос на земањето кредити, бидејќи не може слободно да произведува пари. Исто така, овој пристап наметнува економска дисциплина која може да биде многу непопуларна за владејачката партија во Грција.

4. Двоен систем за валути

Во двоен систем на валути драхмата и еврото ќе циркулираат во паралела. Овој модел е стар со векови и се користел многу пати. Во пракса, овој систем може да се појави кога на грчката влада и снемува евра, а мора да го сервисира домашниот долг. Овие долгови во иднина би се плаќале во евра или евентуално би се подмирувале во драхми, во овие ставки иницијално би биле вклучени државните обврзници деноминирани во евра што за јавноста ќе имаат пониска вредност од евро банкнотите и монетите. Таквиот систем, доколку се спроведе, може да трае долго време, но постои опасност од Грешамовиот закон, кој наведува дека “лошите пари во оптек ги истиснуваат подобрите.”

5. Нова драхма

Новата драхма веројатно нема да се воведе со голем бум, туку постепено. Со евентуалната замена на официјалната валута, Грција ќе има контрола над својата монетарна политика. Сепак, новата валута, најверојатно ќе предизвика огромен краткорочен застој во економијата, не само поради силната девалвација која ќе следи, но и поради тоа што банките потоа би постанале несолвентни. Долгорочните ефекти од девалвацијата зависат од квалитетот на поддршка од економската политика. Зголемувањето на трошоците за увоз ќе предизвикаат инфлација, а важен фактор во ова сценарио ќе биде и политиката за платите, односно колку да се зголемат платите и пензиите за компензирање на инфлацијата. Колку што е повисок растот на платите и пензиите, девалвација ќе има помало влијание врз долгорочната стимулација на грчкиот извоз и намалувањето на економскиот раст.