“Топлификација” за предходната 2017 година остварила нето профит по оданочување од 3.398.000 денари. Ова компанијата го соопшти преку  Македонската берза.

Вкупните приходи се во износ од 238.559.000 денари во 2017 година. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, други оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба се приходи кои произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија, приходи од продажба на топлинска енергија, приходи од проекти.

 

 

Другите оперативни приходи во најголем дел се приходи од побарувања за топлинска енергија. Финансиските приходи се приходи од камата на побарувања по однос на дадени заеми и побарувања по однос на продадена топлинска енергија.

 

 

Вкупните трошоци за периодот 01.01.-31.12.2017 година изнесуваат 234.105.000 денари. Вкупните трошоци се состојат од административни трошоци, останати оперативни расходи и финансиски трошоци. Административните трошоци се во износ од 145.926.000 денари. Во оваа група на трошоци влегуваат трошоци за амортизација во износ од 68.777.000 денари односно 47% од вкупните административни трошоци е трошокот за амортизација.

 

 

 

Останати трошоци се трошоци за услуги, трошоци за гориво за производство на топлинска енергија, материјали, трошоци за вработени и останати трошоци. Останати оперативни трошоци се во износ од 6.067.000 денари и истите се трошоци за отпис на побарувања за топлинска енергија.

 

 

Финансиските трошоци се во износ од 75.724.000 денари. Финансиските трошоци се трошоци за камата за земени краткорочни/долгорочни кредити/заеми.