Со овозможувањето нашите резиденти да отвораат сметки кај странските електронски сервиси за трансакции за комерцијални цели се поттикнува електронската трговија. Особено важно е што со тоа се поттикнува можност нашите компании понатаму своите стоки и услуги да ги продаваат и на овој начин, што генерално ќе може да значи зголемена економска активност, зголемен извоз и зголемени девизни приливи коишто ќе ги остварува нашата економија.

Ова меѓу другото го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, во интервјутo за МТВ, во коешто се осврна на повеќе прашања поврзани со најновите одлуки донесени од Советот на Народната банка.

Видео од обраќањето: