Гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ денеска ќе престојува во посета на Народната банка на Северна Македонија.

За време на посетата предвидено е да биде потпишан нов меморандум за соработка меѓу двете централни банки. Меморандумот, според најавите, ќе го потпишат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот хрватски колега Вујчиќ.

По потпишувањето на меморандумот, како што најавува Народната банка, предвидени се изјави за медиумите од страна на двајцата гувернери.

Организаторите истакнуваат дека настанот ќе се одржи согласно протоколите за Ковид-19.