Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 154-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити на Халкбанк АД Скопје и даде одобрение да ја издаде деветнаесеттата емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Со деветнаесеттата емисија на акции Халкбанк АД Скопје ќе издаде обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари.
Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач, односно за  институционалниот инвеститор кој воедно е и акционер на Банката – Халк банка А.Ш. Турција (Türkiye Halk Bankasi Anonim Şirketi), од Република Турција.
Халкбанк АД Скопје издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.