Халкбанк АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година.

Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година, Халкбанк АД Скопје оствари добивка по оданочување од 701,9 милиони денари или 11,4 милиони евра, покажуваат основните финансиски податоци на Банката за 2019 година објавени на Македонската Берза.

Вкупните приходи на Халкбанк АД Скопје за претходната година изнесувале 2 милијарди денари или 33,5 милиони евра, додека пак нето готовинскиот тек изнесува 3,5 милијарди денари или 57,3 милиони евра.