Халкбанк АД Скопје донесе одлука да донира 500.000 евра за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије (Турција).

Во овие 11 години колку што постои како бренд и се развива во Македонија, Халкбанк АД Скопје целокупниот профит сразмерно го распределува за реинвестирање, за грижа за вработените и за инвестирање во проекти од општествена одговорност во земјата.

„Овој пат е време да ја покажеме нашата хуманост и кон народот на Република Туркије каде што делува и нашата матична банка, а кој деновиве се соочува со неизмерно тешка ситуација”, велат од Халкбанк АД Скопје.

Важни се луѓето!