Халкбанк АД Скопје ги зголеми пасивните каматни стапки за депозити на физички лица. Имено, се коригираа каматните стапки кај Генералното штедење, за рок на штедење од 6 до 36 месеци и истите се зголемија до 0,3 процентни поени. Односно, ако за орочување од 36 месеци досега каматната стапка изнесуваше 1,20%, сега таа е 1,50%.

Следствено на ова, се зголемија и каматните стапки кај производите Отворен депозит, кој е со рок на орочување од 12 месеци и кај Детското штедење, во сите рочности.

Отворениот депозит за физички лица нуди можност за повеќекратни уплати во текот на траењето на договорот за орочување и е идеален за оние кои штедат секојдневно, толку колку ќе посакаат и кога ќе посакаат. Кај овој производ новата каматна стапка за орочување на 12 месеци за штедење во денари изнесува 0,50%.

Кај Детското штедење кое преставува исклучително значајно за креирање на позитивни навики на штедење и обезбедување на добра иднина за децата, постои можност за орочување на 25, 36, 48 и 60 месеци. Новата највисока каматна стапка за овој производ сега изнесува 1,80% за штедење во денари на рок од 60 месеци.