Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката.

Успехот и брзата и стабилна експанзија на Халкбанк на македонскиот финансиски пазар и постојаното подобрување на резултатите од година во година, меѓу другото се базира и на фактот дека во Банката се посветува исклучително внимание во инвестиции во човечки капитал и условите за работа. Со својот придонес кон развојот на банката, вработените стануваат дел од самиот раст и токму затоа во долгорочната стратегија на банката тие се еден од најсилните столбови.

Халкбанк ланската година ја заврши со профит од над 12 милиони евра и истиот, како и секоја година, сразмерно го распредели за реинвестирање, за грижа за вработените и за инвестирање во проекти од општествена одговорност, потврдувајќи уште еднаш дека не ги следи само бизнис интересите, туку дека своето внимание го насочува кон развој на целото општество.