Согласно постоечката анкета за избор на Банка на годината во Р.Македонија која е во тек на БанкоМетар.мк и во која Вие како директни учесници на банкарскиот систем во Македонија и непосредни гласачи на анкетата, од досегашните резултати од гласањето, кое ќе биде активно уште еден месец, можеме да го заклучиме следното :

  1. Од досегашните резултати, над 450 гласови ја прават ХалкБанк лидер на листата со повеќе од 68 % од освоените гласови
  2. Според наше субјективно мислење, ХалкБанка, како помлада банка на македонскиот банкарски пазар, успеа во намерата да ги анимира помладите клиенти и оние кои се технолошки понапредни и компјутерски пописмени, како сегментиран пазар кој во суштина е иднината. Имајќи го овој факт во предвид, банката создаде солидна и здрава клиентска база која и гарантира успешно работење во иднина.
  3. Истите тие, кои досега според анкетата се во најголем број, се покажуваат како лојални и активни чинители на оваа банкарска заедница која најверојатно оваа лојалност и активност ја заслужила со проактивен пристап на банката кон своите клиенти и несомнено нивното задоволство од услугите на банката.

Анкетата за избор на Банка на годината 2018 сеуште е во тек и можете да ја пронајдете под секоја вест на БанкоМетар.мк и можете да гласате за истата и да ги видете јавно и транспарентно резултатите кои се во реално време.

 

БанкоМетар.мк