Халкбанк од денес почна со етапна исплата на мајската пензија за пензионерите кои добиваат пензија преку Банката. Утре (среда), своите пензии ќе ги добијат сите оние кои користат платежна картичка и истите ќе може средствата слободно да ги користат при пазарење, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • До 11.000 денари                             27.5.2020 г. (среда)
  • 11.001-14.000 денари                    28.5.2020 г. (четврток)
  • 14.001-18.000 денари                    29.5.2020 г. (петок)
  • Над 18.001 денари                          01.6.2020 г. (понеделник)

Од Банката упатуваат апел до пензионерите, во нивен интерес и за поголема заштита, користењето на мајската пензија да ја извршат преку платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба од готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.

Истовремено, на шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на истата на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, а ќе бидат ангажирани и лица за одржување на редот, со цел зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција од 08:30 до 15:30 часот.