Уште пет корисници на мобилната апликацијата Халкпеј (HalkPay) на Халкбанк имаат шанса да добијат андроид мобилни телефони кои банката ги доделува во рамките на наградната игра „Шопинг победа“ која почна на 1 октомври минатата година и ќе трае до крајот на февруари.

Со извлекувањето кое ќе биде организирано утре и во рамките на кое ќе бидат земени предвид сите трансакции направени со кредитни или дебитни картички на Халкбанк од брендот Мастеркард во текот на јануари, се заокружуваат месечните извлекувања во кои на месечно ниво се доделуваа по 5 андроид мобилни телефони.

Oстанува и главното извлекување кога ќе се доделат 10 ваучери за велосипеди, 6 Гармин (Garmin) часовници и еден електричен велосипед, а ќе се одржи на 10 март. Во него право на учество ќе имаат сите клиенти кои ги исполниле условите во целиот период на траење на наградната игра, без разлика дали во месечните извлекувања имаат добиено награда.

Сите корисници на апликацијата Халкпеј и во текот на февруари треба да продолжат со нејзино користење. Во ова извлекување, кое ќе се одржи на 10 март, учествуваат сите трансакции направени во период од 1 ноември до 28 февруари.

Во наградната игра една шанса за учество имаат клиентите кои направиле една валидна трансакција преку Халкпеј мобилната апликација со дигитализирана дебитна картичка од брендот Mастеркард, додека, пак, тројна шанса за учество добиваат клиентите кои направиле една валидна трансакција преку Халкпеј мобилната апликација со дигитализирана кредитна картичка од брендот Mастеркард.

Услугата Халкпеј овозможува сите сопственици на Maстеркард картички, издадени од Халкбанк АД Скопјесвојот паричник да го имаат во мобилниот телефон, односно да можат на едноставен начин да вршат плаќања со својот мобилен телефон на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќањеНаградната игра „Шопинг победа“ е организирана со цел клиентите е да се уверат во предностите од секојдневната употреба на овој вид бесконтактно плаќање и да се приклучат на она што е светски тренд во вршењето трансакции.