Хамбургерите без месо на Nestlé, наскоро ќе се вовдуваат во многу ресторани на McDonald’s ширум светот. Швајцарскиот прехранбен гигант започна со партнерство со синџирот на брза храна во Германија во април, а сега вели дека размислува да се прошири и во други земји, како и да бара нови партнери. Нестле, исто така, треба да го лансира својот Awesome Burger во САД подоцна оваа година, бидејќи пазарот за месни замени ќе се приближува кон 140 милијарди долари во текот на следната деценија, се наведува во извештајот на Barclays.