Смртоносните безредија во Казахстан, каде се наоѓаат 40 отсто од светските резерви на ураниумот, ја подигнаа неговата цена на светските пазари за речиси 8 отсто, пренесува агенциајта Bloomberg.

Податоците за растот на цената на ураниумот на светските пазари се наоѓаат на специјализираната платформа UxC, една од водечките компании за истражување и анализа на пазарите во нуклеарната индустрија.

Според податоците на UxC, во стредата цената на ураниумот на светските пазари пораснала на 45,25 долари по фунта (околу 450 грама). Во вторникот цената на фунтата ураниум изнесувала 42 доларио, па дневниот раст изнесувал 8 отсто.

Деловната агенција Bloomberg потсетува дека Казахстан произведува 40 отсто од светските резерви од ураниум. Претходно беше објавено дека поради насилните протестите акциите на казахстанската компанија „Казатопром“, којашто се занимава со вадењето природен ураниум, на Лондонската берза паднале за 8,8 отсто.

„Постои ли дури и краткорочна неизвесност во врска со снабдувањето, сопстваниците на ураниумот не тргуваат често со него. И покрај фактот дека засега не се појавува недостиг од резервите, играчите на пазарот поаѓаат од фактот дека за тоа постојат предуслови“, го цитира Bloomberg експертот на UxC, Џонатан Хинз.

Казахстан во средата прогласи вонредна состојба по безредијата со жртви и повредени, палења и заземање инфраструктура и оружје, кои започнаа како протест против раст на цените на евтините горива.