Една од поголемите агенциски мрежи  Havasе  првата која се приклучи на блокчеин трендот, и тоа со лансирањето на посебен огранок Havas blockchain која ќе ги сервисира клиентите кои сакаат да започнат ICO – систем на прибирање на средства во форма на криптовалута.

Всушност овој сектор е заеднички потфат на агенциите на Havas за корпоративно и финансиско советување AMO и француската консултантска куќа Blockchain Partner. Групата го опишува својот нов огранок како “целосно интегрирана комуникациска понуда насочена кон поддршка на технолошките компании и претприемачите во светот на blockchain технологијата”.

Не се знае многу за овој нов чекор на холдинг компанијата, но изгледа дека тоа нема да биде платформа за закуп на медиумите на blockchain принцип, туку пред се` поддршка на компаниите кои работат во областа на криптовалутите и blockchain во однос на нивните ПР активности и маркетинг стратегии.

Првиот клиент на Havas blockchain е компанијата Talao, платформа која ги поврзува флиленс талентите со големите корпорации. Според пишувањето на PR Week, агенцијата ќе им понуди “токени” на луѓето кои извршуваат одредени ПР активности, а рекламирање на токенот ќе се зголемува во вредност со растот на бројот на луѓе кои ја купуваат таа криптовалута.

Blockchain постепено продира во рекламната индустрија, и иако некои технолошки гиганти се многу загрижени за тоа што донесува blockchain, се чини дека овој “тренд” нема да исчезне брзо, а се очекува дека се повеќе големи играчи наскоро ќе го следат примерот на Хавас во ова поле.