Малите инвеститори не се единствените кои деновиве го „собраа кајмакот“ на Волстрит – а хеџ-фондот „Senvest Management“, кој инвестира во „GameStop“ од септември, заработи дури 700 милиони долари.

Да потсетиме, големите инвеститори очекуваа да паднат цените на акциите на оваа компанија, што би ги заработиле со тргување на берза. Малите инвеститори, „обични“ луѓе, организирано тргуваа со акции на „GameStop“ и на тој начин ја зголемија неговата цена, со што ги воведоа големите играчи во огромни финансиски загуби.

Сепак, се покажа дека победниците во оваа игра не се само малите инвеститори, како што првично се сметаше. Senvest Management е хеџ фонд чии двајца менаџери започнаа да инвестираат во GameStop уште во септември минатата година. Кога вредноста на акциите на компанијата порасна од помалку од 10 на над 400 американски долари, фондот заработи 700 милиони долари.

Тие самите не очекуваа ваков развој на ситуацијата. Нивниот интерес за компанијата што продава видео игри се разви по презентацијата што ја даде новиот извршен директор на GameStop минатиот јануари. Тие видоа можност оваа компанија, против која многумина се обложуваат, сепак да преживее и да се развие.

Во меѓувреме, благодарение на „GameStop манијата“ што започна со Redit, таа стана најпрофитабилната инвестиција на Senvest. Во овој случај, велат тие, им се исплати да не го следат она што го прави масата инвеститори, туку да го направат токму спротивното.