Приштина Мол е најголемиот и најиновативниот трговски центар во регионот. Со површина од 240.000 m², овој прекрасен шопинг центар го претвори Косово во епицентар на регионот. Ова е единствениот еколошки трговски центар во Косово. На различни места во центарот се засадени околу 6000 растенија, што во голема мерка ќе влијае на регулирањето на чистотата на воздухот, известуваат од порталот ГРАДИНА.МК.

 

Природното осветлување е исклучително важно, а Приштина Мол посветува големо внимание на овој аспект нудејќи големи простори изложени на природна светлина.

 

Изложеноста на природна светлина може да помогне за силен развој на растенијата засадени во молот. Вкупната градежна површина на молот е 239.111 метри квадратни, плус паркинг, а молот се протега на површина од 114.562 метри квадратни.

Приштина Мол се отвора за јавноста денеска и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 200 големи глобални и регионални брендови од сите категории.

 

Но, кој се грижи за хортикултурното уредување во молот? Тоа е македонскиот добро прочуен градинарски центар и во регионот – ХОРТИ ЕКСПЕРТ МК.

Инаку градинарскиот центар ХОРТИ ЕКСПЕРТ МК е компанија која нуди широк асортиман на производи и услуги од областа на хортикултурата. Погледнете неколку фотографии од изведбата.