Даночните реформи ќе ја зголемат сивата економија во туристичкиот сектор.Хотелиерите сметаат дека кризата по пандемијата сеуште се чуствува а зголемувањето на даночните стапки ќе значи нов товар и уназадување .Во време на економска криза тоа би значело затворање на голем број компании.

Хотелиерите велат дека тајмингот е погрешен ,покрај секојдневните поскапувања од сите аспекти ова ќе значи продлабочување на кризата.

И покрај жестоките реакции од сите засегнати во врска со најавената даночна реформа, министерот Фатмир Бесими упорно уверува дека намалувањето на сивата економија било суштински дел на реформата.