Потрошувачките цени во Хрватска пораснале за 3,1 отсто на годишно ниво во август, што е највисока стапка на инфлација во земјата од април 2013 година.

 

Исто така, забележано е забрзување на инфлацијата во споредба со претходниот месец, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на официјалните бројки на Државниот завод за статистика.

 

Првиот поголем раст на инфлацијата е забележан во април годинава, а поскапувањата ги забележуваат и граѓаните, кои велат дека платите и пензиите не го следат растот на цените.

„Во склад со очекувањата, објавата на индексот на потрошувачките цени за август потврди дека продолжува засилувањето на инфлаторните притисоци. Тоа, меѓу другото, е последица на прелевањето на цените од светските пазари на стоки, растечката домашна и странска побарувачка, како и на конвергенцијата на цените според европскиот просек, посебно кај услугите,“ велат аналитичарите на Рајфајзен банка во својот осврт на последниот раст на цените.