Продажбата преку Интернет на грчките супермаркети скокна за 262 проценти, на 163 милиони евра, во 2020 година во споредба со претходната година, пренесува агенцијата АНА.

Според извештајот на аналитичката платформа Retail Audit, филијала на грчката Envelope Group која ги следи прометот и цените на акциите на компаниите во малопродажниот сектор, продажбата на интернет на трговците на мало забележа во декември спектакуларен раст од 669 проценти во споредба со истиот месец во 2019 година.

Во документот се наведува и дека учеството на супермаркетите во вкупната грчка онлајн продажба се зголеми на 1,8 проценти минатата година, во споредба со учеството од 0,4 проценти во претходната година.

Најголем скок во продажбата преку Интернет е замрзната храна, проследена со свежи намирници (+446 проценти), пекарски производи (+420), спакувана храна (+397), козметика (+363) и алкохолни и безалкохолни пијалоци ( +337 проценти).