Таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Венцислав Бочварски од Штип, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи. Сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Формата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари, пишува Фактор.

Не е познато со какво производство на струја ќе се бави Техно Енерџи на Бочварски, но во тренд се обновливите извори на енергија, особено фотонапонските централи. Високите цени на слободниот пазар се атрактивни за голем број на инвеститори во последно време.

Инаку во последно време зачестија фирми за производство и продажба на струја основани од страна на семејствата на актуелните, но и поранешни функционери на оваа власт.