Неинформираниот ќе се храни со ѓубрето што му го дава неговиот friendly neighborhood политичар.
Другиот ќе се осврне на податоци за да го осознае вистинската природа на феноменот.
Copper (USD/Lbs)
Aluminum
Што гледаме овде?
Гледаме дека двете од најбитните индистриски суровински бази, алуминиум и бакар имаат тренд на опаѓање на цената на светските берзи. Истото го гледаме и кај железната руда и дрвената граѓа (тука). Ами нели инфлација? Инфлацијата ја нема. Она што го има и за кое потенцирам цело време се ценовни шокови и затнувања во логистичките и транспортните системи, што бараат извесно време да се разрешат.
А ова од друга страна треба да ни каже дека стравувањата за инфлација се неосновани. Да, ценовните шокови се реалност а нивната јачина ќе зависи од тоа какви стручњаци еден народ има ставено во Владата за да навреме се подготват, со помош на инструментите за хеџирање (hedging).
Но кога еден графикон или десет биле доволно да разубедиш било кој во било што? Да ја погледнеме кривата на приноси на 10-годишната Американска државна обврзница.
Што гледаме овде? Гледаме дека истата повторно е во опаѓање периодов. Зошто?
Познато ни е дека односот меѓу цена-принос кај обврзниците е обратно пропорционален. Односно колку повеќе им расте цената, толку повеќе се намалува приносот.
Погоре гледаме пад на кривата на принос што ни кажува дека се зголемила цената, односно побарувачката за Американски државни обврзници? Ами нели рековме инфлација? Ако има инфлација што бара капиталот во краткорочни безбедни (ликвидни) пласмани наместо во подолгорочни инвестициски пласмани?
Во последен обид да ги доведеме инфлационистите до здрав разум, да го разгледаме и графиконот на курсот меѓу еврото и доларот.
Што е работава? Гледаме тренд на континуирано ослабување на еврото во однос на доларот. Ами инфлација? Зарем не се растурија Федералните резерви од “печатење” пари, што навидум би го направило US доларот безвреден. Трилиони долари економски стимул човече. Зошто доларот никако да обезвредни?
Повторно и повторно и повторно инфлацијата ја нема никаде. Односно ја нема онаа правата инфлација која ни е ужасно потребна. Монетарната инфлација. Онаа кога премногу пари бркаат премалку добра.
Пишува: Блаже Аризанов