Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе на протест, барајќи зголемување на минималната плата на износ од 500 евра.
Тие побараа и зголемување на сите плати во висина од 100 евра.
Раководството на ССМ од протестот порача дека ако нивните барања не се исполнат, владата ќе ги гледа многу почесто на улица.
Но додека ССМ и други гранкови синдикати, синдикални организации, независни иницијативи, протестираа низ Скопје, дел од синдикалните здруженија останаа дома.
Мешу нив е и Конфедерацијата на слободни синдикати, чиј претседател Благоја Ралповски уште вчера кажа дека КСС нема да учествува на денешниот протест.
Тој додаде дека неговиот Синдикат ќе го чекал дијалогот и дека затоа денес немало да присуствува.
ССМ и КСС се во „тивок“ конфликт неколку месеци наназад, но како ретко до сега оваа година, синдикалните здруженија се поделија и не излегоа заедно на протест на кој се бараат повисоки плати.