IBM Targets Scientific Research in Latest Blockchain Patent

Американската мултинационална ИТ компанија IBM планира да користи блокчејн за да помогне во научните истражувања и да обезбеди евиденција за нејзините резултати. Ова е нова патентна пријава поднесена до американското биро за патенти и трговски марки – објави компанијата на 8 ноември.

IBM, во првичното поднесување на концептот во декември минатата година, изјави дека предвидува “интегрирање на блокчејнот и собирање на податоци и анализа за отворени научни истражувања.”

Апликацијата е најнова во постојано растечки куп на патенти што ги бара корпорацијата во блокчејн секторот, најновата награда што минатата недела и беше доделена беше за зголемени перформански преку блокчејн во игрите во гејмерството.

Сега, комплетниот технички план се осврнува на она што го опишуваат како недостиг од платформи кои нудат “потребни контроли и механизми” за да ги заштитат научните наоди.

“Во моментов има ограничени платформи кои овозможуваат споделување на информации за научни истражувања и прикажување на транспарентни чекори за собирање податоци и анализа”, се вели во пријавата за патент, додавајќи:

“Платформите кои постојат, немаат потребни контроли и механизми за да се овозможат доверливите податоци да бидат отпорни на модификација”.

Пошироко, научниот сектор има корист на повеќе начини од доаѓањето на технологијата.

Различни обиди веќе се насочени кон некои аспекти на терен во индустријата за специфични блокчејн алатки и за фармацевтски и генетички податоци за истражување.