Бројот на ултра богатите во светот сè уште се зголемува. Според годишниот извештај на Wealth-X, бројот на ултрабогати (лица кои поседуваат богатство од повеќе од 30 милиони долари) се зголеми за 0,8 проценти во 2018 година – на 265.490.

Досега најголем број на ултрабогати луѓе живеат во САД – 81.340, потоа во Кина (24.965) и Јапонија (17.855).

Вкупното богатство на ултрабогатите во САД е 9,8 милијарди долари, додека во Кина вкупното богатство на ултрабогатите е 3,8 милијарди долари.

Повеќето ултра богати во Њујорк

Сепак, кога се разгледува застапеноста на ултрабогатите во однос на населението, помалите држави го заземаат „престолот“. Во Хонг Конг има 1.364 ултра богати луѓе на милион луѓе, во Швајцарија 848, во Луксембург 699 и во САД „само“ 306.

Градот каде што живеат најмногу ултрабогати е Њујорк – во 2018 година, во „градот што не спие“ имало 8.980 луѓе со сметки од најмалку 30 милиони долари. Само 30 помалку ултрабогати има во Хонг Конг – 8.950. Хонг Конг е посебен административен регион и се наоѓа на двата списоци.

Токио е на третото место со 7.090 ултра богати луѓе.

Повеќе во инфографик.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк