Полицијата проценила дека на улиците има 2.700 трактори. Здруженијата на земјоделците рекоа дека планот на владата ќе предизвика социјално-економски масакр.

„Се согласуваме дека нешто треба да се направи во врска со азотот, но земјоделството не треба да се третира поинаку од индустријата“, рече демонстрантката Лин Енгелен, мислејќи на една од спорните точки во владиниот предлог.

Големиот број домаќинства и употребата на ѓубрива, заедно со сообраќајот и градежништвото, доведоа до тоа нивоата на азотен оксид во воздухот и водата во Белгија и Холандија да бидат повисоки од дозволените со европските правила.

Планот за ограничување на емисиите во Фландрија предизвика спор во регионалната влада што не беше решен на 16-часовниот состанок претходно оваа недела. Медиумите јавуваат дека премиерот Јан Јамбон сака конечната одлука да биде донесена викендов. Холандските фармери одбија да соработуваат со владата во спроведувањето мерки за намалување на емисиите на азот, тврдејќи дека тоа ќе доведе до намалување на бројот на добитокот, јавуваат белгиските медиуми , а видеото може да го погледнете ТУКА.