Шефот на Тесла моторс, Елон Маск во четвртокот вети награда од 100 милиони долари за развој на најдобрата технологија за издвојување на јаглерод од воздухот.

Зафаќањето на емисиите на глобалното затоплување станува критичен дел од многу планови за борба против климатските промени, но до денес е направен многу мал напредок во технологијата, со напори насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглеродот од воздухот.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) на крајот на минатата година соопшти дека е потребно нагло зголемување на примената на технологијата за зафаќање јаглерод, доколку земјите сакаат да ги постигнат целите да нето-емисиите се сведат на нула.

„Јас донирам награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за зафаќање јаглерод“, напиша Маск во твит, проследен со друг твит во кој вети повеќе детали следната недела.