Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, даде изјава вчера, од која може да се заклучи зошто таа компанија за производство на електрични возила инвестирала во биткоини.

Имено, тоа беше изненадување за оние кои претходно забележаа дека во центарот на неговите твитови често се појавува мимика од друга криптовалута – доџкоин, објави „Јаху финансис“.

Маск реагираше на еден твит кој содржи коментари од Чангпенг Џао, извршниот директор на берзата на криптовалути „Бајнс“, кој рече дека е изненаден што Илон Маск е толку „премногу ентузијаст во врска со доџкоинот“.

Foto: Shutterstock/Jiri Hera

Маск објасни дека инвестициите на Тесла „не го одразуваат целосно неговото мислење“. Шефот на Тесла додаде дека биткоинот, кој тој го опишува како „едноставно помалку глупав облик на ликвидност од готовина“, „веќе е авантуристичка работа за компанија од индексот С & П500“, а камоли Доџкоин.

Говорејќи за својата лична позиција, Маск спомена дека тој е „инженер“, а не „инвеститор“.

„Јас дури и не поседувам други акции со кои се тргува јавно, освен на Тесла“, напиша милијардерот.

Да потсетиме, Тесла инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин и најави дека во блиска иднина очекува да прифати плаќања во таа криптовалута.

Биткоин ја достигна највисоката вредност во историјата денес, бидејќи се продава по над 56.000 долари за „парче“.