На денешната седница Владата даде согласност на предлогот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нејзините членки да учествуваат во отпишување на долгот на Сомалија по надминувањето на долготрајната граѓанска војна и политичката криза и нејзините напори повторно да ја изгради економијата и покрај тешките околности со кои се соочува.

Со согласноста да учествува во овој процес, Владата заедно со донаторската заедница и меѓународните институции ги отстапува своите средства во покривањето на долгот на Сомалија во висина од 138.000 долари за да испрати позитивен сигнал кон меѓународната заедница дека нашата земја има волја и е способна да се справи со меѓународните обврски, како и со обврските што се наметнуваат со членството во меѓународните финансиски институции.