Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во 2020 година, според новите податоци објавени од консултантската куќа „Капгемини“.

Бројот на луѓе чие кои имаат милион долари или повеќе се зголемил за 6,3 проценти, односн во светот има 20,8 милиони луѓе милионери, а сето ова се случи во екот на пандемија на коронавирусот, наведува Капгемини.

Вкупното богатство во сопственост на таа група на луѓе се зголемило за 7,6 проценти, т.е. сите тие заедно имаат вкупно 80 трилиони долари, а големите добивки биле остварени како резултат на повисоките пазарни вредности на акциите.

Земјите со најбогати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина. 63 проценти од светските милионери живеат во овие четири земји.

Најбрз раст во 2020 година има кај супербогатите, оние кои имаат богатство вредно најмалку 30 милиони долари. Овој клуб пораснал за 9 проценти во 2020 година.

„Капгемини“ ги следи цените на акциите, сопственоста на обврзниците, алтернативните инвестиции, парите и средствата при проценка на вредноста.

Исто така, консутантската куќа се потпира на податоци од меѓународни организации како што е Светска банка, како и на податоци од анкети на богатите и нивните финансиски менаџери. Нивното рангирањето во голема мерка е во согласност со голем број други светски графикони на бгатите објавени неодамна.