Азиските акции паднаа во средата бидејќи слабата стопанска активност во Кина ги поттикна сомнежите за силното закрепнување на втората по големина светска економија по пандемијата, додека доларот беше на пат за своите најдобри месечни перформанси од февруари.
Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI падна за 1 отсто во средата, завршувајќи го мај со пад од 2,4 отсто, бидејќи надежите на инвеститорите за силно закрепнување на кинеската економија испариле.
Последниот показател за фабричката активност во Кина, индексот PMI падна од 49,2 поени во април на 48,2 поени во мај, што е најниско ниво во последните пет месеци. Секое ниво над 50 поени укажува на контракција.
Како резултат на тоа, јуанот исто така падна на најниско ниво во однос на доларот во последните шест месеци од 7,109 јуани за долар, па од почетокот на мај е во минус 2,6 отсто, бидејќи се повеќе показатели, од продажбата на мало за кредитниот раст на добивката на индустриските компании, се под очекувањата, а во одредени случаи бележат и пад.
„Постоеше загриженост дека економското закрепнување на Кина би можело да биде толку силно што би ја комплицирало борбата против инфлацијата на централните банки на најбогатите земји. По денешните податоци, таквите очекувања повеќе не се основани“, вели Керол Конг од Комонвелт банка Австралија.
Берзанскиот индекс во Хонг Конг беше во минус околу 6,45 часа за 2,25 отсто, а на берзата во Шангај за 0,74 отсто.