Според податоците на ДЗС, во март, во споредба со февруари, е забележано намалување на продажните цени на индустриските производи во секторите Рударство и вадење камен за 0,1 процент и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 проценти…
Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека вкупните продажни цени на производителите на индустриски производи (на домашниот и на меѓународниот пазар) во март 2025 година се покачени за 0,4 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март минатата година за 7 отсто.
На светските пазари, во март 2025 година, цените на индустриските производи забележаа пораст од 0,5 проценти во однос на февруари, а споредено со истиот месец претходната година, зголемувањето изнесува 7,3 проценти.
Според податоците на ДЗС, во март, во споредба со февруари, е забележано намалување на продажните цени на индустриските производи во секторите Рударство и вадење камен за 0,1 процент и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 проценти. Во Преработувачката индустрија има зголемување за 0,4 проценти, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината не се забележани промени.
На годишно ниво, во март оваа година во споредба со март минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 19,1 процент во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 12,8 проценти во Рударство и вадење камен, за 6,2 проценти во Преработувачката индустрија и за 4,8 проценти во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината, наведуваат од ДЗС.