Годишната инфлација во Еврозоната се намали во јуни од мајските 3,2 проценти на 2,8 проценти, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Евростат.

Забавувањето на инфлацијата е првенствено резултат на послабиот скок на цените на енергијата, кои се зголемија за 8,5 проценти на годишна основа во јуни, значително побавно од растот од 10,8 проценти во мај.

Во услужниот сектор на Еврозоната, растот на цените исто така забави и изнесуваше 3,2 проценти на годишно ниво, помалку од 3,5 проценти во претходниот месец.