Годишната  инфлација во 19 земји на еврозоната незначително забави во февруари на 1,2 проценти во однос на 1,3 проценти во јануари.

Овој  пад, според кој инфлацијата во еврозоната дојде на најниското ниво од декември 2016 година, беше очекуван по умерените економски показатели во Германија, соопшти европското биро за статистика Еуростат во првата проценка. Со ова стапката на инфлација еврозоната малку се одалечува од два проценти, посакуваната цифра на Европската централна банка (ЕЦБ).

Европската централна банка смета дека инфлацијата од близу 2 проценти на годишно ниво е знак за здравата состојба на економијата, бидејќи така банката дефинира стабилност на цените.

Инфлацијата без производите со посебно нестабилни цени како што се енергијата, храната, алкохолните пијалоци и цигарите, изнесуваше 1,0 проценти во февруари и беше на истото ниво како и во јануари.

Овие показатели ќе ги зголемат очекувањата дека ЕЦБ ќе ја задржи својата зацртана политика.