Инфлацијата во еврозоната порасна во склоп на очекувањата, обезбедувајќи и скромна поддршка на Европската централна банка за намалување на програмата на стимулативни мерки. По силниот старт на почетокот на 2018 година, вредноста на еврото стагнира во однос на доларот, откако ЕЦБ предупреди дека не треба да се очекува дека наскоро ќе ја намали програмата за купување на обврзници.

 

Јенот зајакна во однос на американската валута за дури половина процент и забележа дневен максимум од 106,175 јени за долар, пред да се врати на нивото од 105,99 јени.

 

Во однос на кошницата главни валути, доларот е во пад за 0,1 процент на 90,104 поени.

 

Еврото зајакна за 0,1 процент во однос на доларот, на 1,2284 долари.