Во четврток, на 8-ми јуни 2023 година, во просториите на Акцелераторот за сина економија Охрид, при Универзитет за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе се оддржи Инфо Сесија за презентација на активностите на новоотворениот акцелератор како и тековниот отворен повик за финансирање на компании кои нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија.

– Повикот нуди можност за аплицирање за грант во висина до 50.000 евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститоритеи ментори, и пристап до модерен простор за оние кои се квалификуваат. Сесијата е со почеток во 11:00 часот и присутните ќе имаат можност да се запознаат со критериумитеза учество во акцелераторот, како и да ги постават своите прашања дирекно до организаторите на грантовата шема. На настанот се добредојдени сите компании со седиште во Југозападниот регион на кои примарната дејност е во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризами агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија, информираат организаторите, кои за сите заинтересирани повеќе информации нудат на следниот линк.