Владата со ребалансот на Буџетот за годинава кој е на расправа во собранието планирана е зголемување на капитлни инвестиции на 30,5 милијарди денари односно на околу 500 милиони евра.

„Со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. Порастот од 26,9 отсто на капиталните расходи е резултат на обезбедување на потребните средства за реализација на дел од мерките на владата“, појаснија од владата.

Шетмесечната реализација на капиталните расходи во Буџетот покажува дека државните институции за патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, хардвер, софтвер и слично потрошиле 27,28 отсто од проектираното. Тоа во апсолутни бројки изнесува 6.562 милијарди денари односно околу 106 милиони евра од планираните околу 380 милиони евра.