Карштат, познатиот трговски центар во Берлин, со површина од 775.000 квадратни метри, беше најголемиот и најмодерниот во светот кога се отвори во 1929 година. Во септември, Карштат уште еднаш ги надмина границите, станувајќи првата стоковна куќа во Германија што посвети голем дел од својот простор исклучиво на половна стока.

Во германската престолнина ваквиот потег на трговскиот центар всушност е во согласност со поголема цел. Имено, Берлин се обидува да стане град без отпад.

Градскиот концепт за управување со отпад 2020-2030 година е десетгодишен план кој го решава проблемот со отпадот од три агли. Прво, градот има за цел да поттикне повторна употреба или континуирана употреба на предмети. Второ, тој сака да го подобри рециклирањето на отпад што не може да се користи повеќекратно. И трето, има за цел да ја пренамени намената на енергијата што се користи за да се изгори отпадот.

Планот се надоврзува на иницијативата „Re-Use Berlin“, покрената од владата во 2018 година, за да ги охрабри жителите „да користат повторно наместо да фрлаат“

B-Wa(h)renhaus, оддел за половна роба во стоковната куќа Карштат, е наменет за оваа цел.

„Со 10.000 посетители, можеме да кажеме дека концептот е добро прифатен“, рече Томас Швилинг, вработен во градската агенција за животна средина, транспорт и клима, што помогна да се започне B-Wa(h)renhaus.

„Купување и спасување на светот“, е натпис што ќе ве пречека на влезот во овој дел од трговскиот центар, а има и простор за малопродажба од 7.000 квадратни метри каде што се изложени сите видови рециклирана стока – чаши за пиво, ЦД-а, чинии и книги, правосмукалки, маси и кревети направени од фрлени дрва од градилиштата во Берлин, детски играчки, редови и редови текстил.

„Сакаме да им дадеме уште еден живот на работите што ги користиме“

Ова не е нова идеја во Берлин. Спасувањето и конверзијата на стоки станаа популарни во германскиот главен град. Улиците Нојкелн и Кројцберг се полни со продавници за половна употреба, а многу стартапи се обидуваат да рециклираат, како што е берлинскиот супермаркет кој продава храна со поминат рок.

Истражувањата покажуваат дека насочувањето кон повторна употреба на стоки може да има големо влијание. Секоја секунда се фрла или гори цел камион стар текстил низ целиот свет. И тоа е само едно мало парче отпад што честопати е пред нашите носеви. „Има околу 220 недопрени, но неискористени предмети во секое берлинско домаќинство“, вели Швилинг.

Доколку постоеше систем за препродажба на овие производи на потрошувачи кои инаку би купувале нови, придобивките од животната средина би биле скоро непредметливи.

Со својата нулта стратегија за отпад, градската влада сака да го искористи овој потенцијал.

„Отпадот е најдобар кога го нема воопшто“, вели Швилинг. Затоа B-Wa(h)renhaus не само што продава стока. туку требаше да се отвори и одделот за поправки во стоковната куќа но беше одложено поради друг бран на коронавирусот.

Целта е да ги научиме клиентите да ги поправаат скршените предмети, а не да ги фрлаат. Работилници и предавања за одржливост и заштита на животната средина, исто така, ќе се одржат на покривот на зградата Карштат.

B-Wa(h)renhaus е во пилот фаза и треба да работи шест месеци. По фазата на евалуација, се планира да се отворат уште четири локации низ градот.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк