Вселенската компанија на Илон Маск на Твитер профилот ја објави оваа информација а посочуваат и дека услугата ќе биде испорачана веднаш, што претставува голем напредок во одност на претходните ситуавии, во кои купувчаите мораа да чекаат и по неколку месеци за да ја добијат платената услуга.

На нивната веб страна се наоѓа и мапа која прикажува каде се е достапна оваа услуга.

Поголем дел од Европа, Северна Америка и делови на Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд се покриени со сателитскиот интернет на оваа компанија.

На мапата, поголем дел од змејите се прикажани со темно сина боја, која означува дека во тое делови наскоро ќе пристигне услугата. Тоа би можело да се случи уште следната година.

Во овие делови од светот спаѓа и Македонија.

Услугата е веќе достапна кај нашите соседи Бугарија и Грција.