Инвестирањето во колекционерски играчки како лего-коцки би можело да биде попрофитабилно од инвестирањето во злато, покажа истражувањето.

Истражувачите од Високата економска школа во Русија открија дека пазарот на играчки од втора рака расте за 11 отсто годишно, што е подобра и побрза стапка на раст отколку кога станува збор за златото.

– Навикнати сме да мислиме дека инвестициите се само накит, антиквитети или уметнички дела. Сепак, постојат и други опции, како што се колекционерски играчки. На секундарниот пазар на Лего се склучуваат десетици илјади зделки. Дури и ако се земат предвид ниските цени на повеќето комплети, ова е огромен пазар што традиционалните инвеститори не го познаваат добро, вели Викторија Добринскаја, вонреден професор на Економскиот факултет.

Тие предизвикуваат носталгија

Неспакуваните сетови, особено оние ретките кои беа во ограничено издание или се произведени одамна, работат многу добро, покажаа истражувањата, а сетовите што содржат популарни знаменитости, филмови или се поврзани со сезонски одмори имаат најголем годишен раст. Најголемиот сет што данскиот производител на играчки некогаш го има произведено – фигурата Милениумски сокол, која се состоеше од скоро 6.000 коцки – беше објавена во 2007 година за околу 400 долари. Во 2014 година, неотворениот сет беше продаден на аукција во Лас Вегас за 15.000 долари.

Според Добринскаја, комплетите произведени пред 20 до 30 години предизвикуваат носталгија кај љубителите на коцки, а цените нагло пораснале, пишува Биз Лајф.

– Сепак, за некој да ги реши пазарните нијанси и да види потенцијал за инвестирање во одреден сет, мора да биде вистински љубител на коцки.