(Време за читање 5 минути)

Во претходната статија ви објаснив за основните чекори што мора да ги земете во предвид ако сакате да инвестирате во некои од монетите. И фактот дека над 30% од луѓето се од редот на 18 – 34 годишна возраст кои би сакале да инвестираат во некои од монетите на пазарот. Ајде да продолжиме со уште неколку чекори што мора да ги разгледате. Запомнете, не бидете мрзливи да ги преземете овие чекори. На крајот на краиштата се работи за ваши пари и ако не ви е гајле за вашите пари, тогаш не правете анализа. Едноставно вложувајте во каква и да е било монета.

  1. Оценка на развојниот тим

Кои се членовите на основачкиот тим и кои се нивните искуства? Успехот на монетата зависи од членовите на тимот и од нивните искуства.

Кои се нивните советниците? Проектот кој е поддржан и советуван од веродостојни советници ќе ја направи таа монета поверодостојна.

Дали се активни во одговорање на прашања преку нивните официјални канали и форуми?

Дали се активни во пренесувањето на развојот и напредокот и дали се придржуваат до нивната временска рамка?

  1. Проценка на понудата на монети

Која е структурата на понудата на монетата и колкав број на  монети е предвидено да има? Ако монетата има конечна понуда, тоа ќе ја направи монетата посилна во вредност.

Која е пазарната капитализација на монетата? Пазарната капитализација е мерка за вреднување на монетата.

Дали има тешка капитализација (Hard Cap) на монетата? (Hard Cap) е релевантно за новите понуди за монети (ICO). Со помош на (Hard Cap) ќе се утврди вкупното почетно издание на токенот/ монетата што ќе се креира и тоа ќе биде фиксирано. (ICO) монетите кои имаат (Hard Cap) или тешко ограничување, придонесуваат поголема вредност кај инвеститорите во споредба со токенот /монета која нема.

Која ќе биде распределбата на монетите на основачите и дали постои период на заклучување? Високиот процент на монети издадени на основачкиот тим е не здрав индикатор.

Дали дистрибуцијата на монети е еднаква? Монетата која е во сопственост на неколку индивидуи (наречени Китови) може да резултира со манипулација на цените.

  1. Црвени знамиња (Опасности)

Дали монетата е базирана на МЛМ структура или некој вид на пирамида? Останете подалеку од монетите базирани на МЛМ структура. Криптовалутите треба да бидат поддржани од страна на блокчејн технологијата а не МЛМ структура.

Дали има предупредувања за измама во врска со таа монета? Направете истражување на Google дали монетата е етикетирана како измама.

  • Чекор 3Почнете да инвестирате

Ова се неколку чекори или анализи кои можете да ги направите сами, ако сте подготвени да започнете да инвестирате во одредена монета. За да купите монети, треба да имате сметка за размена. Ако сакате да инвестирате во некои ICO или токени, можете да го сторите тоа со Bitcoin , или некои од нив прифаќаат кредитни и дебитни картички. Ако прифаќаат кредитна картичка се што треба да направите е само да ги следите нивните упатства.

Повеќето од монетите имаат свои сопствени паричници каде што можете да ги чувате монетите. По плаќањето со вашата кредитна или дебитна картичка, монетите ќе бидат складирани во тој паричник. Ако сакате да ги префрлите на друг паричник исто така можете да го направите тоа.

Проверете ја мојота статија за крипто паричници каде што можете да ја најдете оваа информација.

Доколку (ICO) или продажбата на токен е строго со Bitcoin или Ethereum, или можеби продажбата на токенот  е завршена , но сакате да инвестирате во таа монета тогаш мора да ја изберете онаа менувачница каде што е наведена таа монета и да ја купите од таа менувачница. Поради прописите, голем број на менувачници бараат од вас да ја потврдите вашата сметка пред да ги депонирате вашите средства, со поднесување на вашата лична карта или било какви други лични податоци. Имајте на ум дека монетата што би сакале да ја купите можеби е наведена на менувачница која не поддржува девизни валути. Значи, ќе треба да купите Биткоини или Етериуми од друга менувачница, а потоа да ја купите таа монета со Биткоин или Етериум од менувачницата каде што е наведена таа монета . Пресметајте ги сите надоместоци.

Ајде да погледнеме како сето тоа изгледа:

  1. Отворете домашнасметка за криптовалути и потврдете ја вашата сметка .
  2. Депонирајте средства од вашата банкарска сметка на вашата сметка за размена на криптои купете Биткоин .
  3. Побарајте менувачница каде што е наведена вашата монета.Оваа менувачница можеби нема да прифаќа девизни валути. Ако вашата монета  е наведена на менувачница која прифаќа девизни валути, тогаш не треба да правите дополнителни трансфери. Вие едноставно можете да ја купите од таа менувачница.
  4. Префрлете ги монетите на таа менувачница, купете ја онаа монета во која би сакале да инвестирате и зачувајте ја во вашиот ладен паричник.Можете да префрлите некои средства во топол или (онлајн) паричник ако сакате да тргувате. Или можете да чувате некои од монетите на менувачницата.

Можете да ја погледнете мојота статија за крипто менувачници и да дознаете која од менувачниците прифаќа девизни валутите а која не.

 

Во овие две статии  сакав да ви ги објаснам некои од чекорите што треба да ги преземете пред да инвестирате во некоја монета. Дури и ако инвестирате мала сума на пари. Кога станува збор за инвестирање во криптовалутите, иако многу од инвеститорите инвестираат мали количини, тие не прават анализа за одредена монета. Тие веднаш купуваат со надеж дека монетата ќе има голем успех и ќе им донесе многу пари за краток временски период. И по неколку месеци кога ќе сфатат дека направиле грешка, тие се разочарани, ја продаваат својата монета и ги губат своите пари. Дури и ако таа монета биде успешна во иднина.

Исто така, имајте на ум дека е потребно време за одредена монета да стане успешна. Не може да стане успех за неколку месеци. Невозможно е. Освен ако цената се пумпа вештачки. Ова не е природно за монетата. Ако наидете на вакво нешто, каде што монетата достигнува огромна вредност за многу краток временски период, ви предлагам да излезете од таа монета што е можно поскоро. Затоа што на крајот ќе се спушти брзо.

Одличен пример е Bitconnect . Можете да направите некои истражувања на интернет за оваа монета и како многу луѓе ги загубија своите пари во оваа монета и платформа.

Јас не сум некој професионален финансиски советник, јас сум едноставен човек како и вас кој сака да дознае повеќе за криптовалутите и како да профитира. Моите статии се едукативни. Пред да одлучите да инвестирате во некоја монета, побарајте совет од професионалец.

До следната статија – ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ и

Ви благодарам што читавте

Регистрирајте се на мојот блог   http://darkoonlinetips.blogspot.com/

Следете ме на Фејсбук    http://bit.ly/2zDUBpp