Како што во последно време е се поактуелно “копањето” на криповалути, така и инвеститорите се трудат да најдат некоја грешка и да земат што повеќе пари без да вложат. Таков е и случајот на инвеститор во јапонската берза за размена на криптовалути Zaif за малку ќе успееше да стигне до неверојатна сума од 20 трилиони долари во биткоини стекнати сосема бесплатно без вложен ниту цент благодарение на компјутерска грешка.

Тој бил еден од корисниците кој ја увидел компјутерската грешка која овозможила да се преземат биткоини од Zaif берзата, но тој бил единствен кој сакал да се „искешира“, односно стекната сума на криптовалути да ја замени за вистински пари.

Неговата непромисленост и алчност за  огромната сума која успеал да ја стави на неговото конто на берзата ги алармирала сопствениците за сторената компјутерска грешка по што трансакцијата е сопрена, а ако направил обид за повлекување на помала сума на долари можеби и ќе успеал без никаков влог да излезе со вистински наместо со виртуелни средства.

Поради  овој масовен проблем од Zaif најавија дека ќе формираат внатрешна комисија и надлежен одбор кои ќе внимаваат на самата технологија и во иднина ќе спречат слични инцидентит, но исто така и јапонската влада пожестокот ќе врши контрола врз криптоберзите што е нова закана за самата вредност на биткоинот поради зголемената регулација која е неопходна поради ваков вид на безбедносни проблеми.