Инвеститорите очекуваат дополнителен пад на турскaта лира, со облози кои даваат 80 отсто шанса за намалување на вредноста на  валутата до 25 лири за еден долар во следните три месеци и повеќе од 60 отсто шанси за пад на 27 лири на долар.

Голдман Сакс сега предвидува дека турската лира дополнително ќе поевтини во следните 12 месеци. Веруваат дека нејзиниот девизен курс во однос на доларот ќе достигне 28 лири за еден долар, анализира Катимерини.

Од 28 мај и реизборот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, турската лира поевтини за повеќе од 13 отсто во однос на доларот. Со години нестабилноста ја тресе оваа валута.