Вкупните средства на крипто фондовите се искачија на 28 милијарди долари, што е за 43 отсто повеќе во однос на најниските вредности во ноември минатата година, бидејќи колапсот на берзата FTX предизвика шок за криптовалутите.

„Генерално, луѓето се посигурни отколку пред еден месец“, вели Јозеф Едвардс, инвестициски советник во Енигма Секјуритис.

Биткоинот порасна за речиси 40 проценти во јануари, приближувајќи се до своите најдобри месечни перформанси од октомври 2021 година и неговиот втор најдобар јануари во последните 10 години.

Добивајте вести на Viber

Обемот на тргување со криптовалутите исто така се зголемува, според CoinShares, со просечен неделен волумен зголемен за 11 проценти, што укажува на тоа дека трговците се враќаат по неколкумесечната пригушена активност.

Големите инвеститори реинвестираат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година.

Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на CoinShares.