saudi_1880139bЦените на нафтата во понеделникот паднаа на меѓународните пазари во близина на нивото од 49 долари откако Ирак усвои амбициозен план за извоз во пресрет на кварталниот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Во електронската трговија на лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 35 центи на 48,97 долари. На американскиот пазар суровата нафта се тргува по речиси непроменета цена во споредба со претходното затворање од 49,13 долари. Пазарите во САД и Велика Британија се затворени за време на празниците.

Вниманието на пазарите е свртено на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во Виена оваа недела, иако повеќето аналитичари не очекуваат промена во производството. Во меѓувреме Ирак се приклучи на групата на држави кои пред средбата најавија зголемување на извозните квоти.