Оваа земја од извоз на нафта во март заработила најмногу во последните 5 децении. Имале извоз од 100.563.999 барели нафта во вредност од 11.07 милијарди долари, што е најголем приход од 1972 година. Информацијата за тоа колку заработиле ја објави ирачкото Министерство за нафта.

Во февруари приходите од нафта го достигнаа осумгодишниот максимум од 8,5 милијарди долари. Тогаш дневниот извоз беше 3,3 милиони барели нафта. Приходите од извозот на нафта се повеќе од 90 отсто од вкупните приходи на Ирак. Ирак е вториот најголем производител во Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК).

Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) соопшти дека нејзините земји-членки денеска се согласиле да пуштат повеќе нафта од резервите за итни случаи како одговор на превирањата на пазарот предизвикани од руската инвазија врз Украина, пренесе МИА.

Агенцијата со седиште во Париз информираше дека договорот е постигнат на вонреден состанок на министрите, а следната недела ќе објави колку нафта од резервите ќе биде пуштена на пазарот.